Поранешниот светски тениски рекет број еден Германецот Борис Бекер и поранешната германска тенисерка Андреа Петковиќ, основаа заеднички поткаст, а во првата емисија најмладиот шампион на Вимблдон во историјата веднаш истакна дека ќе биде без влакна на јазикот.
Прв на удар беше шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и неговиот стручен штаб. Иако Шпанецот има 21 година, Бекер смета дека за повеќе одлуки е одговорен неговиот тренер Хуан Карлос Фереро.
„Карлос имаше лош распоред на турнирите во 2024 година, бидејќи одигра многу повеќе отколку што требаше. Тој е ѕвезда на теренот во позитивна смисла, вистински уметник. Но, треба да му се дозволи да игра само кога тоа навистина е важно.
Тој треба да игра атомски тенис. Никој не сака да го гледа просечниот Алкараз, туку само кога дава 100%. Неговиот стручен штаб треба помалку да размислува за пари, а повеќе за титули и светски рејтинг. Секако дека добива седумцифрени чекови за да настапи на егзебициски турнири, но тренерите и менаџерите треба подобро да го заштитат“, рече Бекер.
Поткастот се вика „Бекер – Петковиќ“, а двете тениски легенди активни ќе бидат пред камерите пред и за време на грен-слем турнирите, но и кога ќе се случат некои неочекувани работи, како на пример позитивните тестови на Ига Швјонтек и Јаник Синер.