понеделник, јули 13, 2026
Дома СВЕТ Трамп, Венс, Нетанјаху, Мелони, Мерц, Макрон… на иранска потерница – во портокалова...

Трамп, Венс, Нетанјаху, Мелони, Мерц, Макрон… на иранска потерница – во портокалова затворска облека

1

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, повеќепати вети дека ќе се одмазди за смртта на неговиот татко, Али, кој беше убиен во американско-израелски напад на почетокот на војната, а тоа го повтори и во неделата. Весникот „Хамшари“, поврзан со градските власти на Техеран, потоа објави „црн список на одговорни“ за убиството. Заедно со американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на списокот се наоѓаат и европски лидери. На фотографиите сите се во портокалови блузи, а на челата на Трамп и Нетанјаху се исцртани мети. Италијанските власти истражуваат дали ова е официјален став на режимот

 

Италијанските разузнавачки служби се обидуваат да утврдат кој стои зад весникот во Техеран кој испрати закани до премиерката Џорџа Мелони и ја прогласи неа, заедно со други западни лидери, за одговорна за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, објавува „Ла Република“.

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, повеќепати вети дека ќе се одмазди за смртта на неговиот татко, Али, кој беше убиен во американско-израелски напад на почетокот на војната, а тоа го повтори и во неделата.

-Ветуваме дека ќе ја одмаздиме вашата чиста крв и крвта на сите маченици што паднаа во овие две војни од рацете на нивните криминални и посрамени убијци. Без разлика дали сме тука или не, ова ветување ќе биде исполнето. Наскоро слободните луѓе ширум светот ќе го исполнат својот дел од оваа божествена мисија“, рече Хамнеи појаснувајќи дека „мисијата на одмазда“ не зависи од неговото присуство или од присуството на други службени лица.

Ден претходно тој изјави дека одмаздата за неговиот убиен татко е „барање на нацијата“ кое „сигурно мора“ да се изврши.

Весникот „Хамшари“, поврзан со градските власти на Техеран, потоа објави „црн список на одговорни“ за убиството. Заедно со американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на списокот се наоѓаат и европски лидери, вклучувајќи ја и италијанската премиерка. Италијанските власти сега истражуваат дали „црниот список“ може да се смета за официјален став на режимот. Не е исклучено покана за разговор да добие иранскиот амбасадор во Италија.

На списокот освен Мелони, Нетанјаху и Трамп се и Израел Кац, израелски министер за одбрана, Бред Купер, адмирал и командант на Централната команда на САД, ЦЕНТКОМ, Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД, Марко Рубио, државен секретар на САД, Мајк Хакаби, амбасадор на САД во Израел, Ејал Замир, началник на Генералштабот на израелската армија, Гидеон Саар, израелски министер за надворешни работи, Фридрих Мерц, германски канцелар, Емануел Макрон, француски претседател, Кир Стармер, британски премиер во заминување. На објавените фотографии сите носат портокалова блуза, што асоцира на затвореничка облека, а нивните имиња и функции се напишани на арапски. На челата на Нетанјаху и на Трамп е исцртана мета.

Како што истакнува „Ла Република“, според досегашните сознанија, „Хамшари“ е дневен весник близок до градската администрација на Техеран, а неговата уредувачка политика ја одразува ориентацијата на градската влада предводена од градоначалникот Алирез Закани, кој припаѓа на најконзервативното крило на иранската политика. Весникот првенствено се обраќа на најрадикалниот дел од гласачкото тело а локалните избори, првично закажани за март 2026 година, се одложени поради тековниот конфликт. Останува нејасно дали постои каква било врска со режимот и дали врвните лидери на иранската влада навистина ги делат ставовите на весникот. Ова е значаен фактор што помага да се објасни претпазливиот став што го зазеде италијанската влада по заканата. Италијанските разузнавачки служби веќе некое време одржуваат канал за дијалог со Техеран, кој го сметаат за солиден и сигурен, и никој, како што дополнително истакнува „Ла Република“, нема намера да го напушти.

Во јуни, Техеран и Вашингтон, со посредство на Пакистан, потпишаа меморандум за разбирање со цел да се стави крај на војната и да се постигне траен мировен договор. Сепак, и покрај договорот, двете страни повторно разменија напади во последните денови поради ескалацијата на тензиите околу минувањето на трговски бродови низ стратешкиот Хормуски проток.

ИЗДВОЕНИ