Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот сегашен мировен план за Украина не е конечен. Одговарајќи на новинарско прашање пред Белата куќа дали планот од 28 точки е негова конечна понуда, Трамп беше јасен.
„Не, ни одблиску“, рече тој.
„Да сакавме да постигнеме мир, тоа требаше да се случи одамна. Војната со Русија никогаш не требаше да се случи. Се обидуваме да ја прекинеме. Да бев претеседател, тоа немаше ни да се случи. Се обидуваме да ја прекинеме. На овој или на оној начин, мораме да ја прекинеме“.
Во продолжение, одговарајќи на друго прашање, тој додаде: „Тогаш тој може да продолжи да се бори со цело срце“, но остана нејасно на кого се однесуваше.
Претходно, во текот на состанокот со новоизбраниот градоначалник на Њукорк Зохран Мамадани во Овалната соба, Трамп порача дека планот мора да му се допадне на украинскиот претседател Зеленски.
„Мислам деам имаме начин за постигнување мир. Тој ќе мора да го одобри“, заклучи тогаш американскиот претседател.
Вашингтон му претстави на Киев платн од 28 точки. Тој план во Киев се гледа со голема загриженост, бидејќи вклкучува неколку клучни руски барања: Украина се одрекува од дел од териториите, прифаќа намалкуање на обемот на војската и се одрекува од членството во НАТО. На Русија би ѝ останале Доњецк, Лухнск и Крим, но би морала да се откаже од останатите освоеи подрачја.
Планот предвидува и голем глобален пакет мерки за Украина веднаш да се впушти во обнова на разрушената земја, што вклучува и основање Украински фонд за развој во целта за инвестирање во брзорастечка индустрија, вклучувајќи ја технологијата, податочните центри и вештачката интелигенција.
Коментирајќи го пранот, Зеленски предупреди дека Украина „ или ќе го изгуби достоинството или ќе ризикува да загуби голем партнер“.
Прашан за коментар на таа изјава, Трамп претходно изјави дека на Зеленски му кажал на состанокот во Белата куќа во февруари дека во рацете „нема карти“ за завршување на војната по сопствени услови.
„Во еден момент тој ќе мора да прифати нешто што не го прифатил претходно“, рече Трамп. „Мислам дека требаше да го прифати договорот пред една година, пред две години. Најдобриот договор ќе беше ако војната никогаш не почнеше.“
“I would like to get to PEACE… We’re trying to get it ended. One way or the other, we have to get it ended,” says @POTUS on his Russia-Ukraine peace proposal.
If Zelensky rejects the plan, “then he can continue to fight his little heart out.” pic.twitter.com/h4DJ4yfZHy
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) November 22, 2025
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва го добила планот на САД и дека тој може да биде основа за мирно решавање на конфликтот.
Тој додаде дека Украина е против планот, но дека ниту Киев ниту европските сили не ја разбираат реалноста дека руските сили напредуваат во Украина и дека ќе продолжат да го прават тоа доколку нема мир.
Лидерите на ЕУ се состанаа на маргините на самитот на Г20 во Јоханесбург денес за да разговараат за ситуацијата во Украина, по што издадоа заедничка изјава.












