Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека „се убедил себеси“ да не преземам воена акција против Иран, делумно затоа што Техеран објави дека нема да ги егзекутира уапсените демонстранти.
„Никој не ме убеди, јас се убедив себеси“, рече Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.
Според него, веста дека Иран нема да ги егзекутира уапсените демонстранти го навела да размисли за откажување од воена интервенција.
„Тие планираа вчера да обесат 800 луѓе и го почитувам фактот дека ја откажаа“, рече Трамп.
Трамп разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во среда за кризата во Иран, а израелскиот премиер наводно побарал од Трамп да ја суспендира воената акција против Иран за да му даде на Израел повеќе време да се подготви за потенцијална иранска одмазда.
Израелски извор рече дека, покрај загриженоста за одмазда, сегашниот план на САД вклучува напади врз безбедносни цели во Иран, но Израел не го смета за доволно силен за значително да го дестабилизира режимот.
Американските претставници велат дека воената акција е сè уште на маса ако Иран продолжи да убива демонстранти.
Израелските власти веруваат дека, и покрај одложувањето, американски воен напад би можел да се случи во наредните денови.
Израелската влада е загрижена дека Иранците ќе ги искористат ваквите преговори за да купат време и да го намалат притисокот од САД, пренесе „Танјуг“.












