Американскиот претседател Доналд Трамп денес изрази увереност дека Соединетите Американски Држави (САД) имаат добри шанси да постигнат договор со Иран утре, датумот кога истекува неговиот ултиматум до Техеран.
„Без договор, ќе видите како мостови и електрани се уриваат низ целата земја“, изјави Трамп за американскиот канал Фокс њуз, повторувајќи ја својата закана.
Американскиот претседател потврди во саботата дека ултиматумот, што му го даде на Техеран за да постигне договор со Вашингтон или повторно да го отвори Ормускиот теснец, истекува во понеделник, 6 април, или САД ќе „го започнат целиот пекол во Иран“.
„Се сеќавате кога му дадов на Иран 10 дена да постигне договор или повторно да го отвори Ормускиот теснец? Времето истекува – уште 48 часа пред да го започнам целиот пекол со нив“, напиша американскиот претседател на својата платформа Truth Social во саботата.
На 26 март, Трамп го одложи планираниот датум за уништување на електраните за десет дена, до понеделник, 6 април во 20:00 часот.
На 28 февруари, САД и Израел започнаа заеднички воздушни напади врз Иран, на кои одговорија со напад врз американското присуство во регионот и блокирање на Ормутскиот теснец, важен за транспорт на нафта.












