Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави мапа на Ормускиот теснец на својата социјална мрежа „Truth Social“ и го прогласи за американска територија.
Објавената слика прикажува мапа на која е заокружен делот во кој се наоѓаат Ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи.
Над неа е коментар – „нова територија на САД“.
Трамп само еден ден претходно изјави дека САД имаат „тотална контрола“ врз целиот регион поврзан со Ормускиот теснец.













