недела, август 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Тешка битка ноќеска: Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола

Тешка битка ноќеска: Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола

0
Фото: ЦУК

Големиот пожар што вчера избувна во околината на Струмица и се приближи до месноста Софилар е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Огнената линија од Водоча и Баница до Софилар е локализирана, а активно горење има само на едно тешко пристапно место во близина на Водоча.

Во гаснењето учествувале струмичките пожарникари, екипи од други градови, како и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Ангажирана била и механизација за пробивање противпожарни појаси.

Иако огнот во еден момент стигнал до дворови на куќи и викендички во Софилар, според досегашните информации нема поголема материјална штета.

Екипите остануваат на терен за целосно гаснење и обезбедување на опожареното подрачје.

ИЗДВОЕНИ