понеделник, август 31, 2026
Дома СВЕТ Трамп нареди, „Гугл“ го промени: Езерото Онтарио стана Езеро Америка

Трамп нареди, „Гугл“ го промени: Езерото Онтарио стана Езеро Америка

1
google maps

„Гугл мапс“ (Google Maps) го промени името на езерото Онтарио во „Езеро Америка“ за корисниците во САД, за да се усогласи со извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за преименување на езерото, соопшти „Гугл“ (Google).

„Бидејќи ги ажурираме Google Maps со цел да ги направиме промените на името во официјалните владини извори,а тоа во САД е системот GNIS, луѓето што ја користат нашата апликација во САД ќе го видат името „Езеро Америка“, додека корисниците во Канада сè уште ќе го гледаат терминот „Езеро Онтарио“, а оние надвор од тие две земји ќе ги видат обете имиња за езерото“, соопшти Google.

Трамп во четврток објави дека го менува името на најмалото од петте Големи езера, потег што доаѓа како дел од ескалацијата на трговскиот спор со Канада, што доведе до тоа двете земји да воведат царини за стоки вредни милијарди долари.

Наредбата на претседателот влијаеше на Информативниот систем за географски имиња на САД (GNIS), кој ги поставува стандардите за официјалните мапи на САД, наведе Ројтерс.

Сепак, тоа нема никакво влијание врз канадските конвенции за именување или како остатокот од светот го нарекува езерото.
Канадскиот премиер Марк Карни веднаш ја отфрли промената на името на езерото.

Google Maps направи слична промена на Мексиканскиот Залив минатата година, означувајќи гокако „Залив Америка“ по извршната наредба на Трамп на неговиот прв ден на функцијата за преименување на заливот.

ИЗДВОЕНИ