вторник, септември 1, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Најновиот напад врз Иран е оправдан – ќе следат поголеми напади...

Трамп: Најновиот напад врз Иран е оправдан – ќе следат поголеми напади во случај Техеран да возврати

99
Фото: PA/AL DRAGO / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вечерва изјави дека најновиот американски напад врз Иран е „оправдан“ и се закани со поголеми напади доколку Техеран возврати.

Трамп напиша во порака на својата социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) дека американската војска денес нападнала ирански цели во близина на Ормускиот теснец како одговор на „неуспешниот обид на Иран да додаде морски мини“ во теснецот и за испукањето осум ракети врз американската воена база во Јордан.

Американската војска денес соопшти дека нападнала цели во Иран, бидејќи непријателствата повторно се разгоруваат по еден месец без воена акција.

Централната команда на САД соопшти дека нападите „следат по неодамнешните обиди на Иранската револуционерна гарда (идеолошката армија на Иран) да нападне трговски бродови во Ормускиот теснец и американски војници распоредени во регионот“.

Американската војска во неделата соопшти дека погодила ракетни лансери на островот Ларак во Ормускиот теснец.

Потоа Иран одговори со лансирање ракети врз американски објекти во Јордан, кои беа пресретнати, додека Обединетите Арапски Емирати соопштија дека пресретнале ирански дрон над нивните води, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ