Европската унија (ЕУ) денес оцени дека присуството на руски функционер на состанокот на Г20 организиран од САД во Ешвил е несоодветно.
За ЕУ, „ова не е време за нормализирање на односите со Русија или за руско присуство на вакви состаноци“, рече европскиот комесар за економски и финансиски прашања Валдис Домбровскис во Ешвил, Северна Каролина.
„Лично, секогаш ми беше тешко да разговарам за чувствителни прашања со претставници на режими кои водат војна и убиваат цивили секој ден“, додаде Домбровскис, осврнувајќи се на војната во Украина.
Еврокомесарот одржа прес-конференција непосредно пред продолжувањето на дискусиите на последниот ден од финансискиот состанок на Г20 на американска почва.
Домбровскис рече дека ги повикал своите колеги на состанокот да ја зголемат финансиската помош за Украина.
Г20 е група составена од 19-те најголеми економии во светот, Европската Унија и Африканската Унија.












