четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп: Либан не е дел од договорот за двонеделно примије, и тоа...

Трамп: Либан не е дел од договорот за двонеделно примије, и тоа ќе се реши

50

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во интервју за „Пи-би-ес њуз“ изјави дека Либан не е дел од двонеделното примирје договорено со Иран.

– Тие не беа вклучени во договорот поради Хезболах. И тоа ќе се реши. Тоа е во ред – истакна шефот на американската држава, додавајќи дека ова е „специјална пресметка“.

Порано денес, иранските медиуми објавија дека Техеран размислува да изврши напад врз Израел, како и потенцијално да го прекрши договорот за прекин на огнот, откако Израел го нападна Либан.

Додека пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф претходно изјави дека земјата е вклучена во договорот за прекин на огнот, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистираше дека не е.

ИЗДВОЕНИ