четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Израел го бомбардираше Либан без предупредување: Ужасни слики од Бејрут – градот...

Израел го бомбардираше Либан без предупредување: Ужасни слики од Бејрут – градот е срамнет со земја, гори на сите страни

1086
Фото: EPA/WAEL HAMZEH

Згради во пламен, изгорени автомобили, амбулантни возила со вклучени сирени: израелскиот напад веднаш ја претвори една од најпрометните артерии во Бејрут, Мазра корниш, во пустелија.

Израел во среда го бомбардираше Либан пожестоко од кога било досега од почетокот на војната, убивајќи десетици луѓе и повредувајќи стотици, соопштија либанските власти.

Нападите, од кои неколку го погодија самото срце на Бејрут, предизвикаа паника во либанскиот главен град во шпицот, јавуваат новинарите на „АФП“.

Израелската војска објави дека го извршила „најголемиот координиран напад“ против проиранското движење Хезболах од почетокот на американско-израелската војна против Иран на 28 февруари.

„Во рок од 10 минути и истовремено во неколку области, околу 100 командни места и воена инфраструктура“ на либанското исламистичко движење беа нападнати низ Либан, се вели во соопштението, пренесе „Хина“.

ИЗДВОЕНИ