Трамп ќе потпише извршна наредба за ублажување на некои царини за автомобили

102
EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за ублажување на царините од околу 25 проценти за автомобили и автоделови, објави Белата куќа.

Производителите на автомобили предупредија дека новите царини би можеле да ги направат автомобилите поскапи, да ја намалат продажбата и да го направат американското производство помалку конкурентно во светот, објавува АП.

Прес-секретарката на Трамп, Керолин Ливит, денес изјави дека Трамп ќе потпише наредба за ублажување на некои царини подоцна во текот на денот, но не даде дополнителни детали.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, рече дека целта е да им се овозможи на производителите на автомобили да создадат повеќе работни места во САД, објавува Бета.

Извршната директорка на „Џенерал моторс“, Мери Бара, рече дека нејзината компанија му е благодарна на Трамп за неговата поддршка за автомобилската индустрија и рече дека со нетрпение очекува да разговара со претседателот и да соработува со неговата администрација.

„Веруваме дека раководството на претседателот помага да се изедначат условите за компании како нашата и ни овозможува да инвестираме уште повеќе во американската економија“, рече Бара.

ИЗДВОЕНИ