Трамп и Меланија ќе ја поминат ноќта во замокот Виндзор, но не на кралски чаршави – американскиот претседател побарал да му се донесе нешто „произведено во САД“

370

Велика Британија подготви внимателно испланиран и раскошен пречек за американскиот претседател Доналд Трамп, како дел од неговата официјална посета, со полна кралска помпа, објавува „Њујорк Тајмс“.

Трамп и првата дама Меланија пристигнаа во Виндзор од Лондон со хеликоптер, каде што беа пречекани од британското кралско семејство. По пристигнувањето, тие положија венец на гробот на кралицата Елизабета Втора, по што следеше церемонијална церемонија.

Посетата беше обележана со симболични гестови и размена на подароци. Кралот Чарлс Трети му подари на Трамп книга со кожен повез по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност, како и знамето на Обединетото Кралство што се вееше над Бакингемската палата на денот на неговата втора инаугурација.

Меланија Трамп доби сребрена емајлирана чинија од уметницата Кара Марфи и чанта дизајнирана од Ања Хиндмарч од кралската двојка. Трамп, од друга страна, му подари на кралот реплика од мечот на претседателот Ајзенхауер, симбол на сојузот за време на Втората светска војна, додека кралицата Камила доби брош од „Тифани“ во форма на цвет украсен со дијаманти и рубини.

Американскиот претседател и кралот Чарлс Трети се возеа со кочија низ имотот Виндзор, додека Камила и Меланија Трамп ги придружуваа во друга.

За вечерва е закажана државна вечера во замокот Виндзор, кој е стар девет века.

Делегацијата што патуваше во кралството вклучува многу функционери, пријатели и сојузници на Трамп.

По престојот во Виндзор, Трамп ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер во четврток.

Американскиот претседател и првата дама ќе ја поминат ноќта во замокот, иако Трамп одби да ја користи кралската постелнина, инсистирајќи неговите помошници да обезбедат постелнина увезена од Соединетите Американски Држави.

ИЗДВОЕНИ