Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Хамас мора да се согласи со предложениот мировен договор за Газа до недела во 12:00 часот по централноевропско време и се закани дека групата ќе претрпи повеќе напади ако не го стори тоа, објави „Бета“.
„Секоја земја е во поддршка! Ако не се постигне договор во последен момент, против „Хамас“ ќе се крене пекол каков што никој досега не видел. На еден или друг начин, ќе има мир на Блискиот Исток“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
Тој го откри мировниот договор претходно оваа недела заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.