Поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Ернандез, е ослободен од затвор во Соединетите Американски Држави, каде што отслужуваше 45-годишна казна затвор за трговија со дрога и оружје, според запис од Федералното биро за затвори на САД.
Сопругата на Ернандез, Ана Гарсија, објави на социјалните мрежи дека тој е ослободен од затвор вчера откако американскиот претседател Доналд Трамп му даде помилување, објави Ројтерс.
„По речиси четири години болка, чекање и тешки судења, мојот сопруг Хуан Орландо Ернандез повторно е слободен човек благодарение на претседателското помилување дадено од претседателот Доналд Трамп“, рече Гарсија.












