Трамп го помилува основачот на најголемата крипто берза во светот

47

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го помилува основачот на најголемата крипто берза во светот, „Бајненс“ (Binance), Чангпенг Жао, кој пред две години се изјасни за виновен за случај на перење пари додека беше извршен директор на берзата.

Трамп рече дека ја донел одлуката „по препорака на многу реномирани поединци“ и дека верува дека Чангпенг Жао не е виновен за други обвиненија и додаде дека помилувањето не е насочено против Кина, објави „Си-ен-би-си“.

Белата куќа соопшти дека одлуката е дел од уставните овластувања на претседателот и доаѓа по месеци активности поврзани со регулирање на крипто индустријата.
Во својата објава на платформата „Икс“, Жао му се заблагодари на Трамп и ја објави својата континуирана работа за да ги направи Соединетите Држави глобален центар за крипто индустријата и Web 3 технологиите.

Помилувањето предизвика реакција од политичарите. Конгресменката Елизабет Ворен ја нарече одлуката пример за „корупција“ и потсети дека Жао претходно лобирал за негово помилување и помогнал во развојот на крипто активности поврзани со семејството Трамп.

Во ноември 2023 година, Чангпенг Жао постигна спогодба за признавање на вина во судот во Сиетл по точка од обвинението во кое беше обвинет дека не презел мерки за спречување на перење пари преку „Бајненс“ .

Според договорот, тој беше принуден да се повлече од функцијата извршен директор на „Бајненс“, а берзата плати казни во вкупен износ од 4,3 милијарди долари.

Во април 2024 година, Жао беше осуден на четири месеци затвор.

Помилувањето на Трамп значи дека сите преостанати правни последици од неговата кривична одговорност во Соединетите Држави се формално укинати.

ИЗДВОЕНИ