Трамп: Ерменија и Азерберјџан ставаат крај на децениското непријателство

33

 

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, ќе потпишат мировен договор во Белата куќа, со цел да се стави крај на децениското непријателство меѓу двете поранешни советски републики.

– Овие две нации со години беа во војна, што резултираше со илјадници жртви. Многу лидери се обидоа да го запрат конфликтот, но без успех – сè досега, благодареjќи на Трамп, напиша тој на својата мрежа „Трут соушл“, додавајќи дека е „многу горд на храбрите лидери“ кои се одлучиле за мир.

Ерменија и Азербејџан водеа два крвави конфликта околу Нагорно – Карабах. Во 2023 година, Азербејџан ја врати областа под своја целосна контрола во кратка, но жестока офанзива, што предизвика егзодус на преку 100.000 етнички Ерменци. И покрај мировните преговори – вклучувајќи ги и минатомесечните во ОАЕ – досега немаше значаен напредок.

 

ИЗДВОЕНИ