четврток, јули 16, 2026
Дома СВЕТ Трамп драстично го скрати престојот на странските студенти и новинари во Америка...

Трамп драстично го скрати престојот на странските студенти и новинари во Америка – особени рестриктивни мерки за професионалци од една земја

0
Фото: EPA/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Владата на САД одлучи да го скрати престојот на странските студенти и новинари во Соединетите Американски Држави, според владин документ објавен денес. Ова е нов чекор во екстремно рестриктивната имиграциска политика на сегашната администрација.

Според новите правила, кои треба да стапат во сила во рок од два месеци доколку бидат одобрени од Конгресот, на странските граѓани со студентски визи нема да им биде дозволено да останат на американска почва повеќе од четири години.

Престојот на странските новинари би се скратил на максимум 240 дена, или околу осум месеци, со можност за аплицирање за продолжување за периоди со исто времетраење.

Само 90 дена за кинеските новинари

За кинеските новинари ќе важи особено рестриктивна рамка, па нивните визи ќе бидат ограничени само на 90 дена.

Досега, САД им издаваа визи на студентите за време на нивното студирање, а на новинарите до пет години, пишува агенцијата „Франс-прес“.

Професионални предупредувања

Новата мерка, предложена од владата минатата година, ќе влијае на новинарите акредитирани во стотици странски медиуми во САД.

Во отворено писмо, бројни меѓународни медиуми предупредија дека оваа одлука ќе „го намали обемот и квалитетот на известувањето“ за актуелните настани во САД.

ИЗДВОЕНИ