Трамп доби вреден пакет од Русија! Пратката тајно ја донесе Виткоф

193
EPA/AL DRAGO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп доби кутија црвен кавијар од рускиот регион Хабаровск, објави Министерството за индустрија и трговија на регионот.

Како што е наведено во официјалното соопштение, овој гастрономски подарок му го подарил на Трамп главниот американски преговарач Стив Виткоф, откако претходно имал можност да го проба црвениот кавијар произведен во фабрика за преработка на риба во селото Чнирах, Николаевска област.

Според Министерството, кавијарот бил пробан за време на ручек во московскиот ресторан „Сава“, непосредно пред разговорите на Виткоф со рускиот претседател Владимир Путин.

Се тврди дека квалитетот на производот оставил силен впечаток врз Виткоф, кој во таа прилика проценил дека и американскиот претседател треба да го проба.

– По овој коментар на специјалниот претставник на американскиот претседател, му била подарена цела кутија кавијар, која потоа му ја доставил на Трамп – објави Министерството за индустрија и трговија на регионот Хабаровск на својот канал Телеграм.

Во истата реклама се наведува дека црвениот кавијар се посолува и се пакува рачно во фабриката во селото Чнирах, што се издвојува како една од спецификите на неговото производство.

ИЗДВОЕНИ