Во СВР Скопје вчера во 14:43 часот од Казнено поправната установа Идризово е пријавено дека во кругот на внатрешното шеталиште во установата, Н.И.(42) од с.Тебреште, се качил на бандера и се фатил за жица која била под струен напон, при што паднал.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.












