понеделник, август 31, 2026
Дома БАЛКАН Трагедија во Црна Гора: Го прегазил своето едногодишно дете со автомобил, а...

Трагедија во Црна Гора: Го прегазил своето едногодишно дете со автомобил, а на полицијата ѝ кажал дека паднало од кров

33

Црногорската полиција го уапси 22-годишниот А. И. од Беране под сомнение дека го убил своето едногодишно дете со автомобил, а потоа се обидел да ги измами истражителите тврдејќи дека детето починало како последица на пад од објект.

„Полициски службеници веднаш беа испратени во здравствената установа, кои го утврдија идентитетот на едногодишното дете и го испрашаа таткото А. И. (22). Тој во таа прилика изјави дека детето починало како последица на пад од покривот на помошна монтажна зграда“, соопшти полицијата.

Надлежните обвинители веднаш беа известени за инцидентот, а телото на починатото дете беше испратено во Клиничкиот центар на Црна Гора на обдукција.

Сепак, за време на деталниот увид на местото на настанот и истрагата што траела цела ноќ, полициските инспектори се сомневаа во верзијата на приказната на таткото. Понатамошната кривична истрага ја откри страшната вистина за начинот на кој детето добило смртоносни повреди.

„Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, се вели во соопштението на црногорската полиција.

Местото на трагедијата е детално обработено, а автомобилот е привремено запленет за понатамошни вештачења.

По наредба на вршителот на должноста обвинител во Основното државно обвинителство во Беране, 22-годишниот татко е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај“.

ИЗДВОЕНИ