недела, август 30, 2026
Дома СВЕТ Функционер на НАТО не гледа непосредна закана од руски напад

Функционер на НАТО не гледа непосредна закана од руски напад

0

Функционер на НАТО денес изјави дека Русија ги засилува хибридните акции во Европа, но дека во овој момент алијансата не гледа непосредна закана од напад, објави британската агенција „Ројтерс“.

„Иако Русите се соочуваат со многу значаен отпор од Украина, тие ги засилуваат нападите врз Украина, како и хибридните акции во Европа“, рече неименуваниот функционер.

Според него, НАТО останува буден и подготвен за различните закани со кои се соочува.

„Во овој момент, не гледаме непосредна закана од напад. Продолжуваме да стоиме покрај Украина. И НАТО продолжува да работи деноноќно за да ги заштити нашите милијарда луѓе“, додаде функционерот.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави во саботата дека Полска и НАТО треба да бидат подготвени за различни сценарија и дека не може да се исклучи руска провокација против која било членка на НАТО, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ