Лусио е име добро познато на сите што ја следат најважната споредна работа во светот – фудбалот. Тој е легенда на Интер и на Баерн (М), како и на бразилската репрезентација, со која го постигна најголемиот успех во кариерата и го крена трофејот од Светското првенство.

Според бразилските медиуми, 47-годишникот доживеал тешка несреќа и моментално е на интензивна нега во болница во Бразилија. Имено, се здобил со големи изгореници во пожар и морал итно да биде префрлен во болница. Од болницата соопштија дека е свесен, стабилен и е на интензивна нега 24/7. Членовите на неговото семејство, исто така, им се заблагодарија преку „Инстаграм“ на сите што се грижат за него.

  • Им сме благодарни на сите за нивните грижа и молитви, како и за зборовите на поддршка во овие тешки времиња за нас. Ве молиме, сите да ја почитувате нашата приватност и ветуваме дека ќе ве известуваме за неговата состојба преку официјални канали. Со вера и Божја сила, тој брзо ќе заздрави – напиша семејството на Лусио.

ИЗДВОЕНИ