Трагедијa на Халкидики: Бебе почина во ресторан за време на семеен ручек

3088

Вчера попладне, брза помош превезе 13-месечно бебе од Србија во болница, откако одеднаш почнало да се дави со храна за време на семеен ручек во ресторан во Ормос Панагиас на Халкидики, објави грчкиот јавен радиодифузен сервис ЕРТ.

Детето прво беше однесено во здравствениот центар во Агиос Николаос, а потоа во болницата во Полигирос.

Бебето почина во текот на ноќта, а причината за смртта ќе биде утврдена со обдукција, објави РТС.

ИЗДВОЕНИ