Морнарицата на Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека товарен брод потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот Теснец.
Ова е првпат за време на конфликтот со САД, Иран да пријави потонување на брод како последица на удар во мина.
Државната телевизија емитуваше соопштение од Гардата во кое се наведува дека бродот се движел по рута опишана како нелегална и опасна кога удрил во мината во средата наутро.
Во извештајот се наведува дека неименуваното пловило – прикажано на снимката како навалено на една страна и обвиено во густ чад – превезувало 2.500 контејнери.
„Асошиејтед прес“ не можеше независно да ја потврди автентичноста на снимката. Иран постојано ги предупредуваше бродовите да не се обидуваат да поминат низ теснецот без дозвола. Војската на САД ги придружува бродовите низ теснецот по рута што е поблиску до брегот на Оман, пренесе „Бета“.












