
Франческо Тоти несомнено е една од најголемите легенди на Рома. Сепак, неодамна имаше доста негативни реакции за него поради неговото патување во Русија.
Тоти рече дека оди во Москва за да учествува на наградите на РБ, а после тоа беше опсипан со разни критики и прогласен за бесрамен предавник.
„После три години војна, со илјадници мртви, илјадници киднапирани деца… има Италијанец кој се поклонува на режимот на Путин“, „Срамота“, пишуваат корисниците на интернет.
Сепак, на Тоти не му пречеше, всушност, благодарение на ова патување заработил многу пари. Аскер Тхалиџоков, извршен директор на спонзорот на настанот, откри дека поранешниот фудбалер најверојатно ќе добие шестцифрена сума за учество на настанот.
Според многу фанови и експерти, Тоти со овој потег ја „претворил на парчиња својата легенда“. Контроверзноста не ја предизвика само неговото патување во оваа земја, туку и начинот на кој ја објасни таа одлука. Овие зборови ги цитира порталот sport24.ua.
„Отидов во Русија затоа што бев поканет. Тоа беше спортски настан и јас учествував на него. Што има лошо во тоа? Зошто да не го правам тоа? Сум бил и на други места, не само таму”, нагласи поранешниот играч на Рома, на што веднаш реагираа украинските новинари.
Ова не е првпат Италијанецот да го објасни своето патување во Русија.
„Јас не сум политичар или дипломат, туку спортист кој ги промовира своите вредности ширум светот. Отсекогаш сум го правел тоа: прво како фудбалер, а сега во нова улога“, изјави поранешниот репрезентативец на Италија.
Поради ваквите зборови тој имал проблеми не само на интернет, туку и во реалниот живот. Пред да замине за Москва, познатиот италијански комичар Валерио Стафели го „улови“ на улица и сакаше да му го подари Златниот Тапир.
Ова е статуетка која се доделува на јавни личности кои направиле мали или поголеми грешки. На крајот, поранешниот играч на Рома, кој одигра 785 натпревари за клубот, не го прифати Златниот Тапир и брзо исчезна зад вратата од автомобилот.