Тони Блер е „кецот во ракавот“ на Трамп за Газа?!

19
EPA/OLIVIER MATTHYS

Поранешниот британски премиер Тони Блер го предводи планот за прекин на конфликтот во Газа преку својот тинк-тенк, Институтот Тони Блер (TBI). Според британскиот Телеграф, 72-годишниот Блер понудил да предводи привремена администрација во Газа, под услов Палестинската самоуправа (ПА), која управуваше со Појасот Газа до 2006 година, подоцна да ја преземе власта.

Неговиот план веќе привлече моќни имиња како што се Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп и поранешен советник за Блискиот Исток, и Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател. На состанокот во Белата куќа на 27 август, Кушнер и Виткоф му предложија на Трамп, Блер да предводи привремена администрација во Газа. Извори потврдија за „Економист“ дека Блер е „подготвен да го жртвува своето време“ за да ја заврши војната и да помогне во управувањето со Газа.

Трамп го одобри планот, а потоа им го претстави на лидерите на Турција, Пакистан, Индонезија и пет арапски држави на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

„Можеби можеме да ја запреме оваа војна веднаш“, наводно им рекол.

Во четврток, на заедничка прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Трамп рече дека мировниот договор е на дофат.

„Морам да се сретнам со Израел. Мислам дека можеме да го решиме тоа. Се надевам дека ќе можеме. Луѓе умираат, но ние сакаме заложниците да ни се вратат“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ