четврток, август 27, 2026
Дома СПОРТ Тој е идиот, треба да замолчи!

Тој е идиот, треба да замолчи!

2
epa06803244 French former soccer player Christophe Dugarry (L) in action during a friendly soccer match between a selection of French 1998 World Champion soccer players (France98) against an international selection (FIFA98) at the U Arena in Paris, France, 12 June 2018. EPA/HERVE RANCHIN

Поранешниот француски репрезентативец, Кристоф Дугари, остро го критикуваше Хулијан Алварез за начинот на кој се обидува да го напушти Атлетико (М). Аргентинецот ова лето јасно стави до знаење дека сака да се приклучи на Барселона, но Атлетико одбива да го пушти, а целата ситуација дополнително се искомплицира откако навивачите го исвиркаа на натпреварот против Виљареал.

„Тој и неговиот персонал се идиоти. Како можете да кажете „Сакам да го напуштам клубот“? Дали е глупав или што?“, изјави Дугари за RMC.

Французинот верува дека Алварез погрешил што јавно ја објавил својата намера да замине бидејќи тоа ги оштетило односите со клубот и навивачите.

Дугари го спореди неговиот случај со претходното заминување на Антоан Гризман од Атлетико (М). Тој верува дека Алварез требало да се справи со ситуацијата многу подискретно и му кажа дека требало да остане скромен: „Најдобриот начин е да молчиш, да бидеш скромен и да зборуваш интелигентно. Не видовте ли што се случи со Гризман? Не знаете ли како да се однесувате кон навивачите?“

Алварез моментално е во незгодна ситуација. Тој сака трансфер во Барселона, што го смета за свој сон, но Атлетико не сака да го продаде еден од своите најважни играчи на директен конкурент. Клубот веќе ја пријави Барселона за начинот на кој се обиде да го контактира играчот, додека навивачите на „Метрополитано“ го поздравија Аргентинецот со свирежи и вулгарни пораки.

Можен излез од ситуацијата сè уште постои ако некој ги исполни финансиските барања на Атлетико, но засега клубот инсистира Алварез да остане. Аргентинецот има договор до 2030 година и откупна клаузула од 500 милиони евра. Брзоногиот напаѓач пристигна во Атлетико летото 2024 година од Манчестер Сити за околу 75 милиони евра и брзо стана една од клучните фигури во тимот на Диего Симеоне.

Во својата прва сезона на „Метрополитано“, тој одигра 57 натпревари, постигнувајќи 29 гола и додавајќи 9 асистенции, а беше особено важен во Лигата на шампионите каде што постигна 7 гола. Во сезоната 2025/2026, тој продолжи да биде меѓу најдобрите стрелци на тимот, со 20 гола и 9 асистенции во 49 настапи.

 

 

ИЗДВОЕНИ