Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Турција рано утрово. Потресите беа почувствувани во неколку провинции, а досега нема извештаи за жртви или штети.
Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатја рано утрово, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Земјотресот се случил во 6:20 часот по локално време, со епицентар во округот Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, соопшти АФАД во соопштението.
Потресите биле почувствувани и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. АФАД соопшти дека досега нема извештаи за материјална штета или жртви, пренесе „Танјуг“.
A 5.0-magnitude earthquake strikes southeastern Turkey. pic.twitter.com/UC9pmvkK3o
— Beirut Wire (@beirutwire) July 18, 2026












