сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Нов биланс: Во земјотресите во Венецуела настрадаа 5.069 лица

Нов биланс: Во земјотресите во Венецуела настрадаа 5.069 лица

32

Бројот на жртви од двојниот земјотрес што ја погоди Венецуела на 24 јуни се искачи на 5.069 мртви, изјави претседателот на парламентот, Хорхе Родригез, објавен од британската агенција Ројтерс на својата веб-страница.

Бројот на повредени останува непроменет на 16.740, додека 17.907 лица останаа без покрив над главата како резултат на земјотресот, објавува „Бета“.

Според претходните податоци, оштетени се 856 згради.

Земјотресите што ја погодија Венецуела имаа магнитуда од 7,2 и 7,5 степени.

ИЗДВОЕНИ