Кошаркарите на ТФТ Скопје ја забележаа втората победа во регионалната АБА 2-лига, откако на домашен терен ја совладаа Војводина со 75:71 во рамки на 2. коло. Натпреварот беше резултатски израмнет по првите три четвртини, по што гостинскиот тим на стартот од последната четвртина имаше предност од највисоки девет поени (65:56). Сепак, избраниците на Боро Смилковски во продолжението ги консолидираа своите редови и го однесоа натпреварот во неизвесна завршница во која ТФТ на крајот извојува заслужена победа, втора оваа сезона, по стартниот триумф на гостински терен над Раднички.
Најефикасен кај македонскиот претставник беше Гордон со 21 поен, Ташовски уфрли 18 коша, додека на спротивната страна прво име беше Кљајевиќ со 20 коша.
Во 3 коло, ТФТ Скопје на 5 ноември го пречекува словенечкиот тим Хелиос Домжале.











