Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, пожарот се движи во правец на Пелистер.
Од НП Пелистер информриаат дека некаде пред 15часот во близина на границите на Националниот парк Пелистер од преспанска страна избувнат е пожар.
„Во моментов пожарот е навлезен и во Националниот парк помеѓу подножјето на врв вртушка и врв малачука. Екипи на НП Пелистер во соработка со екипи на трпе Ресен и битола делуваат на терен со цел на локализирање на пожарот. Механизација од јавни претпријатија од Битола веќе е упатена кон пожарот со цел да даде поддршка“, велат од НП Пелистер.
Пожарот кој изби во Преспа доцна попладнето навлезе и во Националниот парк Пелистер и гори меѓу подножјето на врвовите Вртушка и Мала Чука. Од Националниот парк соопштија дека пожарот се појави некаде пред 15 часот.
Екипи на Националниот парк Пелистер во соработка со пожарните од Ресен и Битола делуваат на терен со цел локализирање на огнот. Во гаснењето се вклучени и ер трактори и два тима со пинцгауери од Дирекцијата за заштита и спасување.












