Три лица загинаа, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 50 минути по полноќ во Нов Белград на булеварот Хероја од Кошаре, во близина на кулата Вест.
Медиумите објавија дека мајка, татко и 10-годишно дете починале на местото на настанот.
Очевидец на несреќата изјавил дека возач на „ауди“ поминал на црвено светло и удрил во автомобилот во кој било семејството, кои починале на местото на настанот од повредите.
Според извештаите на медиумите, возачот на „аудито“ бил под дејство на алкохол.
View this post on Instagram












