Возниот парк на дебарската територијална противпожарна служба е збогатен со ново теренско возило за интервенции при пожари на отворен простор, набавено со средства од буџетот на општината.
За набавка на новото возило, од општинскиот буџет се издвоени средства во износ од 35 илјади евра, а за дополнителните уреди со кои треба да се докомплетира се потребни уште околу 10 илјади евра.
– Нашата ТППЕ интервенира на подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше, но за нејзино функционирање се грижи само Општина Дебар – рече Џетан Мифтароски, командир на Територијалната противпожарна единица на Дебар.
Според него, во единицата се вработени 14 пожарникари, располага со возен парк, кого го сочинуваат осум возила, пет од нив камиони, а три теренски возила.
Во изминатиот период од годинава евидентирале 92 интервенции, од нив 69 на отворен простор, 14 на објекти, една на сообраќајно средство и 14 технички интервенции.