Автомобил од конвојот на специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, денес пристигна во амбасадата на САД откако тој доатува во Москва, објави РИА Новости.
Виткоф пристигна во Русија околу 14 часот по московско време. Час и половина подоцна, едно од возилата што дојдоа да го земат американскиот пратеник на станицата Внуково-2 влезе во комплексот на амбасадата на САД.
Тоа беше теренец „Шевролет Тахо“ со дипломатски регистарски таблички на амбасадата на САД. Автомобилот влезе сам во комплексот на амбасадата, без придружба.
Како што претходно изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со Виткоф во Кремљ по 15 часот по централно европско време.
„Путин ќе го прими г-дин Виткоф, главниот преговарач на САД за украинските прашања, во Кремљ. (Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп) Џаред Кушнер исто така ќе биде со него“, рече Песков. Песков рече дека состанокот ќе трае „колку што е потребно“.
Ова ќе биде шеста посета оваа година за специјалниот пратеник на САД. Се очекува Виткоф да ги донесе американските предлози за мирно решение за Украина на средбата со Путин, објавија локалните медиуми.












