Игралиштето во Ново Лисиче доби сосема нов и современ лик. Тоа е реконструирано за првпат од неговата изградба.
Од Општина Аеродром информираа дека игралиштето е обложено со сертифицирана мултифункционална подлога, која освен за фудбал и кошарка е соодветна и за тенис.
– Општина Аеродром продолжува да работи на подобрување и осовременување на условите за спорт и рекреација на сите жители – децидни се од локалната самоуправа.