четврток, септември 10, 2026
Дома СВЕТ „Телеграф“: Во камп во Бугарија ветерани на британски САС обучуваат Руси за...

„Телеграф“: Во камп во Бугарија ветерани на британски САС обучуваат Руси за борби во Украина

1

Ветерани на британски САС, една од најелитните специјални сили во светот, обучуваат Руси за борба во Украина, според доверлив разузнавачки извештај до кој дошол британскиот „Телеграф“. Според весникот, западните воени ветерани биле регрутирани за обука на руски граѓани, како и на активни членови на руската армија.

Според добиениот извештај, борбениот камп во Мејдени во северна Бугарија го води компанијата за воена обука „Алфаметал“. Таму работат инструктори од различни профили, вклучувајќи ветерани од британскиот САС, австралиски командоси, членови на американската полиција и членови на елитните американски морнарички сили СЕАЛ. Центарот „Алфаметал“ нуди курсеви за специјални сили и напредна обука за снајперисти по цена од околу 4.000 евра од лице. Во разузнавачкиот документ се наведува дека дури и по 2022 година, кога Русија ја нападна Украина, приватните кампови во Европа продолжиле да примаат руски граѓани за курсеви што вклучуваат „напредна блиска борба“.

Пред шест месеци, „Алфаметал“ објави оглас на деловната мрежа „Линкдин“ во кој бара ветерани од САС за работа во центарот. Во огласот е наведено дека се бара „британски државјанин“ со „силно оперативно искуство и со докажана инструкторска практика“.

ИЗДВОЕНИ