Овoј назив не се базира на научни факти, туку често се користи како маркетиншки трик. Сепак, многу луѓе доживуваат поголеми емоционални предизвици во текот на зимските месеци кога деновите се пократки, температурите се пониски, а празниците се зад нас.
Теоријата за „тажниот понеделник“ е воспоставена во 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предавал во вечерното училиште на Образовниот центар на Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид голем број фактори, вклучувајќи временски услови, долгови, време поминато од Божиќ и мотивација.
Формулата на Арнал е: [V + (D – d)] k TK / M k Na. V означува време, D за долгови, d за месечна плата, T за време поминато од Божиќ, K за времето кога сме се откажале од новогодишните одлуки, M за нивото на мотивација и N за чувството дека мораме да направиме нешто, објавува index.hr.
„Прво ме замолија да се сетам на ден за кој сметам дека е најдобар за резервирање летен одмор. Кога почнав да размислувам за причините за резервирање одмор, сеќавајќи се што ми кажаа илјадници луѓе на работа или на работилници, овие фактори сугерираа дека третиот понеделник во јануари е особено депресивен“, објасни д-р Дин Барнет за „Дејли Телеграф“ во 2013 година, критикувајќи го концептот на „тажниот понеделник“. Тој го смета за научно бесмислен и потенцијално штетен.
Додаде дека „ако знаете нешто за психологијата, менталното здравје или како функционира реалниот свет, „Тажниот понеделник“ нема апсолутно никаква смисла“.
„Сепак, со години во медиумите се објавува како да е утврден факт. Неделите по Божиќ се релативно тешки поради лошото време, финансиите се исцрпени од празниците, нема причина за славење, сите се обидуваат да се придржуваат до својата исхрана, да го поминат првиот и „најдолгиот“ месец од новата година и така натаму“, рече тој.












