Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака, но одлучи да оди во прегратките на ДУИ, вели Муртезани

62

Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака да добие, но тој одлучи да оди сам на избори и повеќе сакаше да оди во прегратките на ДУИ. Допрва ќе видиме како неговото приклучување кон Европскиот фронт ќе влијае врз рејтингот, рече вечерва министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Како што истакна Муртезани во „Само интервју“, целта на локалните избори е владејачката коалиција да добие најмалку 50 отсто од општините за да ги порази Ахемти и Таравари.

Тој уште еднаш кажа дека Владата е стабилна и дека сите инвестиции и промени што ги реализира ќе бидат препознаени од граѓаните.

-За нас е битно да ги добиеме локалните избори, да имаме мнозинство добиени општини. Според нашите проценки. Tоа не е недостижно зашто стоиме убедливо добро од Липково до Тетово. Во Гостивар се менуваат односите, но тоа не значи дека ќе има многу пореметувања на национално ниво. Сепак, се создава простор да приближиме до нас и други политички актери и бизнисмени и претставници од невладиниот сектор, истакна Муртезани.

Коментирајќи го објаснувањето на Таравари дека една од причините зашто излегол од коалицијата е застојот во евроинтеграцискиот процес, Муртезани рече дека ништо посмешно не слушнал во својата десетгодишна кариера.

-На сите владини седници и на тие посебните не се сеќавам дека Tаравари присуствувал. Јасно е како бел ден дека тој не се тргна од Владата заради евроинтегративниот процес и наместо да даде придонес за што имаше можност, тој одлучи да оди во прегратките на Али Ахмети, рече министерот.

ИЗДВОЕНИ