сабота, јули 11, 2026
Дома СВЕТ Танкер во близина на Оман пријави експлозија, дел од горивото заврши во...

Танкер во близина на Оман пријави експлозија, дел од горивото заврши во морето

68
Фото: EPA/ALI HAIDER

Танкер пријави надворешна експлозија покрај брегот на Оман, соопшти Канцеларијата за поморска трговија на Обединетото Кралство (UKMTO).

Експлозијата, која се случила на 60 наутички милји (111 километри) од главниот град на Оман, Мускат, била пријавена на крмата, во задниот дел од бродот, според соопштението на агенцијата UKMTO, пренесува „Си-ен-ен“.

Во соопштението се додава дека танкерот и екипажот се безбедни.

Танкерот пријавил дека одредена количина гориво е испуштена во морето, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ