четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Танкер со ирачка нафта помина низ Хормускиот Проток

Танкер со ирачка нафта помина низ Хормускиот Проток

192

Танкер натоварен со ирачка нафта помина низ Хормускиот Проток во близина на иранскиот брег, еден ден откако Иран соопшти дека е ослободен од какви било ограничувања за премин низ виталниот морски пат, покажаа податоците од Лондонската берзанска група (LSEG) и енергетската тракерска агенција Kpler.

Танкерот „Оушн Тандер“ натовари околу милион барели тешка сурова нафта од Басра на 2 март и се очекува да го истовари својот товар во Пенгеранг, Малезија, кон средината на април, покажаа податоците од Kpler, објави Ројтерс.

Танкерот бил изнајмен од „Петко“, единица на малезиската државна енергетска компанија „Петронас“.

ИЗДВОЕНИ