Тамара Тодевска наполни 40 години – се забавуваше со  родителите, пријателите, децата и со момчето Лука

3186

Македонската евровизиска ѕвезда, Тамара Тодевска, ја прослави 40., и тоа на необичен начин. На една од најубавите локации во Македонија, на Козјак, на отворено, со своите луѓе, фамилијата, пријателите, бендот.

– Благодарна сум ви на сите што ве имам, што сте дел од мојот живот – порача распеаната Тамара.

На забавата ѝ дојдоа и родителите (иако одамна разведени), татко ѝ Велко и мајка ѝ Брана. Од саканото момче Лука Радовиќ доби огромен букет среде настапот. Вљубениот Лука објави на инстаграм-стори и неколку заеднички фотографии со неа, со љубовна порака: „Радувај му се на секој момент! Ти благодарам на сè! Те сакам најмногу на свет! Среќен роденден, љубов моја!“

 

ИЗДВОЕНИ