Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за прекин на огнот

47

Тајланд и Камбоџа постигнаа договор за прекин на огнот, соопштија министрите за одбрана на двете земји во заедничка изјава денес.

Според Би-Би-Си, двете страни се согласиле да го запрат движењето на трупите и да им дозволат на цивилите што живеат во пограничните области да се вратат во своите домови.

Спогодбата за прекин на огнот ги запре интензивните гранични борби во кои загинаа најмалку 41 лице и се раселени речиси еден милион.

Прекинот на огнот стапи на сила напладне по локално време.

Според договорот, 18 камбоџански војници што ги држи Тајланд ќе бидат ослободени во рок од 72 часа, се вели во соопштението.

Спогодбата е постигната по неколкудневни разговори меѓу тајландските и камбоџанските претставници.

Конфликтот, кој заврши во јули оваа година, беше обновен на 7 декември откако двајца тајландски војници беа ранети и продолжи и покрај изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека двете земји, со негова поддршка, се согласиле на прекин на огнот кон средината на декември.

Тајланд тврдеше дека извршува воздушни напади само врз воени цели, додека Камбоџа лансираше ракети со среден дострел БМ-21.

ИЗДВОЕНИ