петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Светот досега не видел ваква криза со нафтата и гасот!

Светот досега не видел ваква криза со нафтата и гасот!

148

Актуелната криза со нафта и гас предизвикана од блокадата на Ормутскиот теснец е „посериозна од оние од 1973, 1979 и 2022 година заедно“, изјави Фатих Бирол, раководител на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), за весникот „Ле Фигаро“.

„Никогаш не сме доживеале прекин во снабдувањето со енергија од ваков обем“

„Светот никогаш не доживеал прекин во снабдувањето со енергија од ваков обем“, рече тој во интервју за францускиот весник објавено денес.

Тој додаде дека европските земји ќе бидат погодени, како и Јапонија, Австралија и други, но дека најранливи се земјите во развој, кои ќе страдаат од повисоки цени на нафтата и гасот, повисоки цени на храната и општо забрзување на инфлацијата.

Земјите-членки на ИЕА се согласија минатиот месец да ослободат дел од своите стратешки резерви. Дел од нив веќе се пуштени на пазарот и процесот е во тек, рече Бирол.

Како одговор на израелските и американските напади, Иран речиси целосно го блокираше сообраќајот во Ормутскиот теснец, низ кој минуваат околу 20 проценти од светската нафта и гас, што предизвика нагло зголемување на цените на енергијата.

Зошто нафтата е толку важна?

Важноста на нафтата се гледа токму во структурата на производите што се произведуваат со рафинирање на барел сурова нафта: само мал дел оди во горива како што се бензин и дизел, додека значителен дел го сочинуваат гориво за авијација, течен природен гас, петрохемиски суровини и производи како што се мазива, восоци и асфалт.

Ова значи дека нафтата не е клучна само за транспортот, туку и за цела низа индустрии – од пластика и хемикалии до градежништво и логистика. Кога се случуваат прекини во снабдувањето, последиците се чувствуваат не само на бензинските пумпи, туку се прелеваат и врз цените на храната, транспортот, индустриските производи и инфраструктурата, што дополнително ја поттикнува инфлацијата и ги забавува економиите.

ИЗДВОЕНИ