четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сведокот Мартин: немам мотив за живот како да ми застана после 2...

Сведокот Мартин: немам мотив за живот како да ми застана после 2 март

Продолжува судењето за Стојанче Јовановски

2436

“Немам мотив за ништо, како да ми згасна животот после 2 март“ – со овие зборови започна сведоштвото на Мартин Саздов, кој беше сведок и на трагичниот чин кога Ивана Јовановска се фрли од висококатницата со својата ќерка Катја.

Клучен момент во сведоштвото е ноќта во август 2025 година, кога Ивана во паника се јавила на телефон да побара да ги земе од автопатот кај Штип.

„Немам на кој да се јавам… јас со Катја сме позади банкината се криеме“, зборувала низ плач.

Кога сведокот пристигнал, ја затекнал модра, развлечена, со видливи повреди по телото. Таа била вознемирена, треперела и едвај зборувала.

Ќе ме убие, не можам веќе да издржам… не знам што да правам“, се доверувала Ивана на Мартин, кој со текот на времето во периодот кога таа била разделена со Стојанче, се заљубил силно во неа.

Заедно правеле обиди да го убедат да и даде развод, но Стојанче почнал да му се заканува и нему. Еднаш со автомобилот се забил во неговиот автомобил, ги следел, лaжно го пријавувал во полиција.

Стојанче пред него зборувал дека Катја му била одбивна и оти не ја сака.

“Да се разведеме, вие двајца што сакате правете, сакам да се спасам од оваа к…а“.

Во меѓувреме обвинетиот ја сменил бравата и носел други жени во заедничкиот стан.

За цело време додека сведочи Мартин Саздов, обвинетиот врти со главата и запишува белешки за прашања до сведокот. (П.А)

Ивана ми велеше: „Секоја вечер кога ќе дојде издрогиран ме тепа пред Катја”

ИЗДВОЕНИ