четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ивана ми велеше: „Секоја вечер кога ќе дојде издрогиран ме тепа пред...

Ивана ми велеше: „Секоја вечер кога ќе дојде издрогиран ме тепа пред Катја”

1604

Мартин Саздов во продолжение од сведочењето кажа дека откако Ивана се вратила во станот кај Стојанче прекинал контакт со неа. Во меѓувреме нејзиниот татко починал, а семејството ја исклучило од наследство поради Стојанче.

Саздов смета дека била во безизлезност да не останат на улица и се вратила во станот чиј дел го препишала како дар под присила на сопругот.

Сведокот кажа дека на Ивана и било страв да влезе во сопствениот дом.

”Секоја вечер кога ќе дојде дома издрогиран ме тепа пред Катја и ми се заканува”.

Саздов за цело време и нудел помош и подршка, но таа го одбивала. Монструозните постапки на Стојанче оделе дотаму што ги обвинувал двајцата дека го местеле за дрога, а на Ивана и се заканувал дека ќе објави видеа од неа и од него.

“И ги земаше парите, од срце за Катја купував се од прибор за во училиште, но детето пред другарчињата раскажувало како татко и ја тепа мајка и”, вели сведокот.

Ивана била и на психолог по барање на училиштето, но и натаму била затворена и не комуницирала со никого.

Стојанче се смее додека го слуша сето ова, а сведокот се гледа дека се уште е скршен од болка. (П.А)

Сведокот Мартин: немам мотив за живот како да ми застана после 2 март

ИЗДВОЕНИ