Сузана Турунџиева: За мене и моите „Фриди“ само песната е лек!

66

Пејачка, водителка и писателка, ја промовираше химната на својот акапела-хор!Турунџиева се потпишува под текстот и музиката, а аранжманот е на поп-пејачката Андријана Јаневска. Видно забележлива е радоста на Сузана поради овој необичен, терапевтски и најлековит хор во Македонија. Среќна е што успеа од само неколку жени хорот да израсне во голем женски хор од над 120 членки, од различни националности и професии                                                                                       

-Не ти требаат луѓе кои ќе те сакаат периодично, повремено… Во вакви или онакви денови, помеѓу кои ќе следи пауза, премислување, осуди, замерки, заминувања и повторни доаѓања… Не ти требаат луѓето кои ќе те гледаат само со нивните физички очи и ќе те опоменуваат колку си ослабена или здебелена, дали имаш подочници или си сменила фризура?

Ти требаат луѓе кои ќе умеат да те гледаат со срце, со кое ќе ја забележат секоја твоја болка, страв, секоја твоја солза уште пред таа да се стркала низ окото. Ти требаат и луѓе кои ќе се радуваат на твојот успех како да е нивни, сопствен! Велат,  внимавај што посакуваш, може да ти се оствари. А, токму такво нешто посакував: да имам свој хор кој ќе пее акапела. Желбата ми се оствари!

Вака искрено раскажува Сузана Турунџиева, нашата позната, омилена и секогаш добро расположената пејачка, водителка, писателка, а поводот е голем. Таа само пред неколку дена со женскиот хор „Фрида“, кој постои година и полoвина, го промовираше новиот спот со се мелодијата за „Песната е лек“, а која е всушност химната на хорот.

Турунџиева се потпишува под текстот и музиката, а аранжманот е на поп-пејачката Андријана Јаневска. Видно забележлива е радоста на Сузана заради овој необичен, терапевтски и најлековит хор во Македонија. Среќна е што успеа од само неколку жени хорот да израсне во голем женски хор од над 120 членки, од различни националности и професии, кои исто плачат и исто се смеат на тој ист јазик.                – Секоја од жените е со својата животна приказна, со својата болка, среќа или тага. A, моите „Фриди“  преку акапела-песната, во етерот ја пренесуваат само позитивната енергија и го прават овој свет да биде подобро место за живеење, вели насмеаната Турунџиева.Песната ја доживеа и својата официјална промоција (за новинарите и публиката), заедно со спотот кој е снимен во Скопје на Кејот на Вардар. За таа цел ќе ја повториме логичната молитва на Турунџиева: „Дај ми Боже уште многу изгрејсонца и зајдисонца само на убави места, со убави луѓе“! Но и „Фридите“ знаат емотивно да ѝ возвратат на Сузе: „Жено, мајко, кралице, те сакаме од овде до ѕвездите, колку целиот Универзум. Остани храбра, љубопитна, распеана, мудра, разиграна!                                              (Д.М.) фото:П.Стојановски

 

 

 

ИЗДВОЕНИ