Судирот меѓу Пакистан и Индија продолжува – експлозии на повеќе места

48
Фото: EPA-EFE/MUKESH

Пакистан денес започна напади врз Индија откако Њу Делхи испука ракети врз пакистанските воздухопловни бази, во судир меѓу двете нуклеарни сили во кој загинаа околу 50 цивили од среда, пренесе Бета.

Експлозии се слушнаа утрово во градот Сринагар, во индискиот дел на Кашмир, спорна област меѓу двете земји.

Индиската армија соопшти дека Пакистан извршил напади со беспилотни летала на неколку точки по должината на неговата западна граница.

Во исто време, утрово одекнаа две експлозии во Исламабад и Равалпинди, каде што се наоѓаат седиштето на Генералштабот и разузнавачките служби.

Земјите од Г7 повикаа на „деескалација“, а САД понудија да посредуваат во смирување на тензиите.

Кина, исто така, апелираше до Индија и Пакистан, двете соседни нуклеарни сили, да избегнат ескалација.

ИЗДВОЕНИ