сабота, јули 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Стручни лица и викендов се на работа, анализираат примероци од водата во...

Стручни лица и викендов се на работа, анализираат примероци од водата во Гостивар, инфомрираа од ИЈЗ

11

Институтот за јавно здравје, по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш излезе на терен на посочените локации и зема примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи.

По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците.

Согласно известувањето од ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар за нагло зголемен број пациенти со гастроинтестинална симптоматологија, а со цел анализите да бидат изработени стручно и навремено, стручни лица од Институтот и викендов се на работа и ги анализираат примероците.

Резултатите од анализите ќе бидат доставени до барателот, Јавното обвинителство, за натамошно постапување.

ИЗДВОЕНИ